ИНФО 6

Драги наши ЕдуПријатели, наставници, педагози, воспитувачи, дефектолози, психолози, советници, директори, професори и студенти, на наша особена чест и задоволство објавуваме   #EduConferece2022 која ќе се одржи на 17ти сабота и 18ти недела во хотел ДРИМ Струга. На конференцијата  ќе учествуваат еминентни домашни и странски предавачи и претставници на институции, а учесниците  уште еднаш  ќе имаат можност  да следат  предавањата  на експерти од земјата и странство, на  теми од интерес за воспитно образовната дејност и професионалниот развој на наставниот кадар.
Агендата за #EduConferece2022 е достапна на следниот линк.

На конференцијата ќе учествуваат претставници на институци и еминентни домашни и странски предавачи представници на партнер-организациите во проектот ,,RObotics versus BullYing,, Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 612872-EPP-1-2019-1-IT-EPPKA3-PI-FORWARD, од Италија, Турција, Литванија, Шпанија, Бугарија, Романија, Полска, Португалија и Македонија.

Фокусот на конференцијата ќе е поставен на подобрување на комуникацијата, развивање  емпатија, меѓусебно помагање и инклузија во училишната образовна практика, зголемување на соработката меѓу децата и младите, како и меѓу родителите, наставниците и пошироката заедница и локална средина.

На конференцијата ќе бидат презентирани едукативни содржини и практики за имплементација на STEM едукација – роботика, која им овозможува на учениците на возраст од 6 до 12 години да ги направат своите први чекори во науката, технологијата и инженерството на забавен начин и преку социјална инклузија, со што ќе се зголемат нивните дигитални вештини, но пред се вештините за решавање проблеми, критичко размислување, експериментирање и тимска работа кои се клучни во животот на детето.