Како дел од проектните активности на проектот ,,RObotics versus BullYing,, дел од Erazmus+ KA2 програмата на Европска Унија, од 17-21 јануари 2022 година во Краков – Полска, беше одржан тренинг за наставници, насочен кон имплементација на STEM едукација – роботика, која ќе им овозможи на учениците на возраст од 6 до 12 години да ги направат своите први чекори во науката, технологијата и инженерството на забавен начин и преку социјална инклузија.
На тренингот учествуваа наставници-практичари од петте амбасадор училишта од Република Македонија: Даниела Крстевска ООУ,,Св. Кирил и Методиј,,- Скопје, Дарко Талевски – Прилеп, Елена Апостолоска од ООУ ,,Живко Брајковски,, Скопје, Марина Танасоска од ОУ ,,Григор Прличев,, – Охрид.
Во рамки на тренингот наставниците Дарко Талевски и Елена Апостолоска ја промовираа едукативната игра Robotics activity against bullying, simulation and examples -“KindLand”.