По иницијатива на наставничката од I-2 одделение Наташа Маркоска, од училиштето ООУ “Григор Прличев” од Охрид а во соработка со Советот на родители и стручната служба на училиштето, под наслов “Од срце за срце” на ден 10 и 11.02.2022 беше организира хуманитарна акција за поддршка на децата со посебни потреби во училиштето.
Како дел од хуманитарната акција одделенскиот наставник Наташа Марковска, во склоп на наставните часови реализираше низа активности преку кои го истакна значењето и важноста на меѓусебно помагање, љубовта и грижата помеѓу учениците . Една од активностите беше играта со роботчето РОБИ ,,Помогни му на Гринч да го порасне своето срце,,.