Во рамки на активностите на Проектот ,,RObotics versus BullYing,, во амбасадор училиштето ООУ “Григор Прличев”, од Охрид наставничката Наташа Маркоска, со своите ученици од I-2 одделение во периодот од 1 до 28ми февруари 2021 година, дел од часовите по предметот математика ги реализираше преку игровни активности со роботчето Роби: препознавање на броевите до 10, собирање и одземање до 10, погодуваме броеви до 10, решавање задачи со собирање и одземање до 10 , препознавање на 2 д форми и цртање на 2д форми преку апликацијата Mind).
Како резултат на успешно спроведените активности, кои во голема мера допринесоа за подобрување на резултатите од учењето, комуникацијата меѓу учениците, развивање емпатија, меѓусебно помагање и инклузија во училишната образовна практика, зголемување на соработката меѓу децата, во рамки на наставна програма по математика од новата концепција за основно образование што се спроведува од учебната 2021/2022 година во училиштето, ќе бидат организирани работилници во сите паралелки од прво одделение .