Во рамки на проектот ,,RObotics versus BullYing,, Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 612872-EPP-1-2019-1-IT-EPPKA3-PI-FORWARD, на 26ти Мај 2022 година нашето здружение потпиша меморандум за соработка Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Како почеток на идната соработка беше одржана еднодневна обука, на која нашите членови Бојан Василев, Зорица Трајаноска, Марина Танасоска и Мирослав Митиќ, ги запознаа студентите со наставните практики реализирани во амбасадор училиштата, ширум Македонија, во рамките на Еразмус проектот ,,RObotics versus BullYing,,.Потоа на студентите им беше презентирана работилница за “Интердисциплинарно учење базирано на игра”, под менторство нашите членови и професорката Анита Штерјоска Митреска.