Водичи за еколошка едукација на деца

Со цел да се помогне и подобри еколошкото образование и природонауката, O2 Иницијатива реши да го создаде и објави сетот Водичи на природата – триплет на мали водичи преку кои учениците од одделенска настава ќе се запознаат со животот во шумата, барите и езерата и низ градското зеленило. Сетот на водичи e во издание на издавачката куќа Чудна шума , под авторство на Kiril Przo.

Еколошкото образование е неопходен процес со цел да се постигне еколошка писменост која ќе води до развој на еколошка свест кај новите генерации.

Водичите претставуваат некомерцијално издание кое во наредните недели ќе биде дистрибуирано низ основните училишта и училишни библиотеки низ државата преку нашите партнери Friends of Education . Сите заинтересирани наставници кои би сакале копија од брошурите за нивните часови, за достава, пратете ни порака.

Повеќе на линкот.

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *