Во рамките на математичката секција во месец декември се одржаа 7 работилници на тема Ведска математика и роботика. Иако работилниците првично беа планирани да се одржуваат после часови со заинтересирани ученици од повеќе паралелки, истите се одржуваа со секоја паралелка од 6-то до 9-тоодделение посебно на редовните часови по математика планирани во програмата за консолидација или после часовите на одредена паралелка. Тоа беше така поради рестриктивните мерки за заштита од вирусот Ковид-19, но исто така поради големиот број на заинтересирани ученици за работилниците.
ООУ Живко Брајковски како Амбасадор училиште на Роби проектот доби 2 Минд-роботи кои ги искористивме во Работилниците „Ведска математика и роботика“. На различни работилници на учениците им беа претставувани по едно правило од Ведската математика, а потоа учениците ги вежбаа правилата на претходно подготвени мапи од страна на наставникот. Мапите се всушност полиња со поставени задачи во една колона и решение во друга колона. Учениците имаа за задача ментално да ги пресметаат производите од поставените задачи и да го програмираат роботот да појде до полето со дадено решение. Работилниците беа насловени:
- Множење со 11
- Множење со 12
- Множење на броеви блиски до декадна единица (поголеми од 100)
- Множење на броеви блиски до декадна единица (помали од 100)
- Квадрирање на броеви со цифра на единици 5
- Множење на двоцифрени броеви од иста десетка
Активностите од работилниците се документирани во видео запис (https://www.youtube.com/watch?v=TIy7VVXgRvo). За учениците кои се дел од ова видео е обезбедена согласност од родителите/старателите.