Под мотото „ Собери, одбери, замени, пренамени“, во рамки на проектните активности од “Plastics Free Movement” Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 621506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-IN учениците од Еко тимовите од VI и VIII одделение во амбасадор училиштето ООУ „Григор Прличев“- Охрид ја завршија оваа учебна година со еколошка акција за собирање на старата, искористена хартија од минатата учебна година.
Еко програмата односно акцискиот план за имплементација на проектот “Plastics Free Movement” Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 621506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-IN кој стана составен дел од годишната програма за работа на училиштето, ќе продолжи со реализација и во наредната учебна година, се надеваме со масовно учество на сите ученици. До тогаш имајте убав летен распуст, уживајте но и чувајте ја природата.