„Еколошки ден“ – работилница

Во рамките на одбележување „Светскиот Ден на екологјата“ учениците од IV-2 одделение од амбасадор училиштето ООУ „Григор Прличев“- Охрид заедно со наставничката Валентина Трпческа одржаа работилница на тема  „Справување со отпад“. Целта на работилниците беше подигање на еколошката свест кај учениците, запознавање со начините на справување со отпад и испраќање порака до сите чинители во нашата општествена заедница за сериозен пристап кон отпадот како услов за зачувување на нашиот дом-природата. Низ низа активности децата се запознаа со видовите отпад, потеклото на отпадот, кои се најголеми загадувачи, начините на селектирање отпад, рециклирање или повторна употреба на отпадот. Така на забавен начин децата со споделување на свои предлози и идеи, ја осознаа важноста и потребата за долгорочно третирање на отпадот во нашата средина, улогата на секој од нас во овој процес и како ние можеме да помогнеме како поединци. За реализација на активностите беше искористен едукативниот софтверски пакет „ЗЕЛЕН ПАКЕТ-ЈУНИОР“ кој нуди голем број  можности за едукација на најмладите на интересен и забавен начин.

АКТИВНОСТ 1
Истражување: од пакетот го искористивме работниот лист од делот „ Потрошувачка и отпад “ – Отпадот дома. Цел: запознавање со количината и видот на отпад од нашите домови и како можеме да го третираме.
АКТИВНОСТ 2
Прибирање, средување и читање  на прибраните податоци и изведување заклучок.Цел : од каде потекнува дел од отпадот и колкави задагувачи мошеме да бидеме ние.
АКТИВНОСТ 3
Примена на едукативен софтвер „Зелен пакет –јуниор“: преку виртуелната прошетка низ училиште, библиотека, дом, парк, продавница учениците се запознаа со местата каде се третира соодветно отпадот. Активноста продолжи со гледање видеа и решавање на квизови за на интересен начин учениците да осознаат дека секој поединец треба да има висока еколошка свест, да не фрла отпадоци било каде, да селектираме за да тоа се рециклира, вклучување во еколошки акции и осуда на секој загадувач. Цел: децата да ја согледаат важноста соодветно справување со отпадот
АКТИВНОСТ 4
Работилница-да почнеме од некаде, повторна употреба на отпадот од нашите домови за изработка на предмети за нашата училница. Децата на креативен начин направија изработки од отпаден материјал. Цел: селектирање и повторна употреба на отпад-веќе сме помогнале.

Денес направивме еден чекор од патот кој треба да го изодиме  и сме задоволни што помагаме во заштита на планетата Земја.Чувството е прекрасно-почнете и вие.

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *