Здружението „Пријатели на образованието“ во рамки на проектот „School Plastic Free Movemen (Движење, училишта без пластика)“, поддржан од Erasmus+KA3 програмата на Европска Унија, од 23.1.2023 година, до 31.5.2023 година, објави Национален конкурс за учениците од прво до деветто одделение заедно со одделенските и предметните наставници од основните училишта и посебните основни училишта на територија на Република Северна Македонија.
На конкурсот кој беше наменет за истражувачки тимови во состав од по пет ученици и еден наставник, во рамки на една паралелка, беа пријавени седум основни училишта, а нивните проектни активности беше оценувана од интернационална жири-комисија, составена од докажани образовни експерти во проектот „School Plastic Free Movemen“.
Европската жири комисијата во рамките на европскиот проект School Plastic Free Movement составена од Eurpole (Italy), Friends of Education (N. Macedonia), Regional Directorate of Education Castilla y Leon – JCYL (Spain), Panevezys Provincial Educational Centre – PRSC (Lithuania), Make it Better – MiB (Portugal), Turkish Ministry of National Education (Turkey) и University of Burgos (Spain) ги награди училиштата кои одиграа важна улога во борбата против загадувањето со пластика со STEM сет, Scientific Discovery.
ЧЕСТИТКИ до сите наградени ученици и наставници 🏆
🏅ООУ „Живко Брајковски – Хава Сарачини
🏅ООУ Вера Јоциќ Скопје – Билјана Лазаревска
🏅ООУ „Григор Прличев” Oхрид – Марина Танасоска
🏅ООУ „7 Марси“- Челопек, општина Брвеница – Тони Тодоровски
🏅ООУ „7 Марси“- Челопек, општина Брвеница – Даниела Тодоровска
🏅ООУ „7 Марси“- Челопек, општина Брвеница – Марија Петровска Гроздановска
🏅ООУ „Св. Климент Охридски“- Битола – Виолета Стевановска и Гордана Анастасова
🥇Прво наградено училиште е ООУ „Григор Прличев” Oхрид од каде 5 ученици заедно со својата наставничка патуваат во Верона, Италија, каде ќе имаат можност да ги споделат своите искуства со првонаградените врсници од останатите европски земји.
Особена благодарност до Проф. Др Анета Штерјоска за нејзината подршка и вклученост во бордот на европската комисија, како и во европската жири комисија.