Во рамки на проектните активности на „School Plastic Free Movemen (Движење, училишта без пластика)“, поддржан од Erasmus+KA3 програмата на Европска Унија, претставници од Здружението „Пријатели на образованието“ како и професорката Доц. д-р Анита Штерјоска-Митреска од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, учествуваа на Меѓународната конференција “А school of cultural migration and social emigration” која се одржа на на 26 и 27 април 2024 година, во Верона Италија.
Конференцијата беше одржана од страна на партнерот координатор на проектот Polo Europeo Della Conoscenza (Италија) https://www.europole.org со цел промоција на активностите на сите партнери вклучени во овој проект. За таа цел во рамки на конференцијата беше организиран и меѓународен натпревар за ученици од сите земји партнери во проектот на тема „МЛАДИ НАУЧНИЦИ ЈА СПАСУВАТ ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“. На натпреварот проектните тимови победници од националните наградни конкурси објавени за истражувачки тимови од основните училишта во земјите партнери во проектот Италија, Турција, Литванија, Шпанија, Бугарија, Романија, Полска, Португалија и Македонија ги презентираа своите проекти, кои беа оценувани од меѓународна комисија од едукатори- експери од сите земји партнери во проектните активности. Представник од нашата земја беше професорката Доц. д-р Анита Штерјоска-Митреска од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Ни представува особена чест што проектниот тим од Македонија, за презентацијата на својот проект дигитална книга со оригинални содржини и илустрации креирарани и дизајнирани од учениците од проектниот тим, наменети за еколошка и инклузивна едукација на ученици од 7 до 10 годишна, тимот ученици од ООУ „Григор Прличев“- Охрид, како претставници во проектот „School Plastic Free Movemen (Движење, училишта без пластика)“ од Македонија ја освоија трета награда. Едукативните материјали и спроведените активности на проектниот тим се достапни на проктната веб страна www.ekoschool.woredpress.com.
На конференција “A SCHOOL OF CULTURAL MIGRATION AND SOCIAL EMIGRATION” исто така учествуваа говорници и професори од различни делови на светот кои ги споделуваат своите искуства, преку панел дискусии за наставници и ученици. Агендата од одржаната конференција е достапна на следниот линк. На официјалната веб страна на проектот исто така се достпни и едукативни матерјали и наставни практики Inclusive pedagogical model for gifted, migrant and disable students – Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 21506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-IN (schoolplasticfreemovement.org).