Учество на меѓународен педагошки форум ’’Образовни политики и практики за просперитет и одржливост’’

Од 27.6. до 30.6.2024 во Албена, Р. Бугарија, се одржа XXIV Меѓународен педагошки форум ’’Образовни политики и практики за просперитет и одржливост’’ во организација на Универзитетот во Тракија – Стара Загора, отсек Педагошки факултет за информации и тренинг сервис за наставници. Во рамки на форумот беше организирана  конференција на која  учествуваа претставници на образованието од САД, Австрија, Р.Србија и Р.Македонија.
Дел од членовите на Пријатели на Образованието предводени од претседателот на здружението Бојан Василев, одржаа обуки за наставници на тема‘’ Придобивки и предизвици од вештачката интелигенција и виртуелната реалност во образованието.
Oвие технологии отвораат многу врати за иновација и подобрување на учењето. Виртуелната реалност овозможува на учениците да ги истражуваат тродимензионалните простори и да се најдат во ситуации кои никогаш не би можеле да ги искусат во реалниот свет. Ова создава динамично и забавно учење, каде што учениците можат да го видат, и да го истражуваат материјалот што го учат.

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *