Избор на КулТИП победничко решение

На 14 октомври 2014 година во простории на ФИНКИ во Скопје, претставници на здружението ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО присуствуваа на настан организиран од Британски совет во Македонија во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).
 
Претставници на шест културни институции и тимови од Македонија презентираа проекти со кои внесуваа нови технологии во нивната работа преку 3 минутни презентации. Во нив се обидоа да дадат одговори на контекстот, потребата и конкретното решение за користење на дигитални и нови технологии во нивните институции.
 
Овој настан понуди можност за нови идеи кои може да бидат основа за партнерство меѓу културниот, образовниот и деловниот сектор. Настанот беше отворен за сите кои работат во културните институции или со дигитални и нови технологии и се заинтересирани за можностите кои ги нуди синергијата меѓу овие два сектори.
 

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *