Space Camp – Турција

Кампањата за учество во Space Camp 2015 г. веќе започна!
Првиот чекор за учество е пишување на есеј, врз основа на што ќе се изберат потенцијалните учесници во Space Camp 2015 г. кои ќе покажат најголемо познавање за темите, поврзани со космосот, а исто така покажува искрена верба во сорботка изградена врз основа на доверба и почитување. Рокот за испраќање на есеите е 1 Март 2015 година. Повеќе за учество во Space Camp Turkey може да прочитате на веб страната на Центарот за креативни обуки од Софија, Р. Бугарија и на следниот линк.

За Space Camp – Турција 

Space Camp Турција е вселенски центар за обука кој се наоѓа во град Измир Турција.Програмата е адаптирана за деца и млади на возраст од 9 до 15 години, кои имаат интерес во областа на астрономијата, физиката, математиката, технологијата, биологијата и сите други науки. Во светот има само три слични центри, при што во Европа и соседните држави SPACE CAMP Turkey е единствен кој функционира како образовен тренинг камп. Тој е создаден по модел на NASA во 2000 г. од г-н Тунџар и неговата сопруга г-ѓа Мери Милс Тунџар.
Вселенскиот центар реализира програми за обука од април до септември, при што од неговото основање до денес низ него поминале над 15 000 учесници.
Од бугарска страна, национален координатор на Space Camp Turkey е „Центарот за креативно образование“. Соработката на двете организации стартира од 2004 г. и од тогаш секоја година учествуваат бугарски учесници и тимови од цела Бугарија. До 2013 г. во програмата на Space Camp Turkey имаат учествувано повеќе од 450 деца и млади од Бугарија.
Програмите на вселенскиот центар им даваат возможност на учесниците да работат со современи технологии и тренери во областа на астрономијата, роботиката, астро-физиката и биологијата. Се реализираат предавања за конструирање на ракети, управување на вселенски летала, термодинамика и многу др. Учесниците облекуваат костуми за астронаути, тренираат на реални направи за подготовка на астронаути, пробуваат движења во безтежинска средина, вежбаат во предната палуба на шатал и мн. др. Програмата е во траење од една седмица и се реализира целосно на англиски јазик од специјално подготвени тренери и специалисти. По завршувањето на програмата учесниците добиваат сертификат, кој што е високо ценет во голем број училишта и универзитети во светот.
Во 2014 година Центарот за креативно образование ќе подготви и испрати три групи од по 20 учесници секоја, кои што ќе се вклучат во меѓународната вселенска седмица, заедно со нивни врсници од целиот свет.

 

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *