Во овој пост сакаме да изразиме благодарност до нашите соработници и
пријатели, организацијата SOL (Sharing One Language) од Западен
Девон, Велика Британија за понудената можност (www.sol.org.uk).
Со нив делиме иста визија и мисија, a тоа е понуда за квалитетно
образование за нашите ученици, но и наставници, професори и студенти и
отворен пристап до истото. За таа цел SOL нуди курсеви за ученици, но
и студенти и идни наставници во Девон што е незаборавно културолошко
и јазично искуство. Единствено за Македонија за само 5 пријавени
ученици еден наставник оди бесплатно.
Курсевите за професионален развој на наставниците се единствени во
приодот и можностите што ги нудат. Во Девон има два курса и тоа од
5-16 Јули е „Автентичен јазик и култура“ (Authentic British Language
and Culture) со Mark Andrews & Uwe Pohl и од 19 до 30 јули e Еко
прашања и настава по јазик (Green issues and language teaching) со
Mark Andrews &Fiona Mauchline
Нашите наставници по англиски јазик имаат и опција да посетуваат курс
– летен капм чија концепција е единствена и уникатна. SOL Курсевите
се во Чадца (Словачка) и Сремски Карловци (Србија). Цената е повеќе од
достапна , само 270 евра ако се пријавите до 31 март.
Еден наставник по англиски јазик кој беше на конференецијата ќе има
можност бесплатно да присуствува на курсот во Србија како награда која
ја доделува нашиот почесен член, пријател на образованието и SOL
ментор и тутор Ракеш Банот (Rakesh Bahnot). Наградата ќе се додели на
наставник/чка кој/а ќе биде избран/а после натпреварот за најуспешен
час. Правилата и начинот на кој се зема учество на натпреварот
наречен „ Калимеро“ се објаснети на следниот ЛИНК
Ви благодариме наши пријатели и се надеваме ќе ја проширите веста за
оваа можност до други заинтересирани колеги во вашето опкружување. Да
го шириме кругот на пријатели