Polo Europeo della Conoscenza

 

На 7-ми и 8-ми октомври 2016 година во Верона Италија се одража TTTNet конференцијата чија што агенда вклучуваше работилниците, предавања, дискусии, кои се однесуваа на иновативниот пристап во наставата од областа на природните науки и технологијата. На оваа конференција како  презентерии учество зедоа Марина Василева и Дарко Талески кои имаа работилница на тема „Игра со роботи во наставата по природни науки“

Теми на конференцијата беа:

– Креативна педагогија во наставата по природни науки

– Природните науки во основното образование

– Утврдување на постигнатите знаења од областа на науката, технологијата, инженерството и математиката.

– Иновативен пристап во наставата од областа на  науката, технологијата, инженерството и математиката и клучни компетенции за доживотно учење

– Наставата од областа на науката, технологијата, инженерството и математиката во училницата на 21 век.

– Иновативност во наставата – наставата по природни науки поткрепена од креативноста, претприемништвото и донесувањето на одговорни одлуки на учениците.

– Училиштето како патоказ за кариера од областа на науката, технологијата, инженерството и математиката – Како да ги едуцираме идните добитници на НОБЕЛОВА награда.

На конфренцијата беа присутни наставници, студенти, докторанти, носители на одлуки од областа на образованието, експерти од областа на науката, педагогијата кои разменуваа и презентираа идеи за педагошки методи и алатки за поголема мотивираност во изучување на науката, технологијата, инженерството и математиката. За време на конференцијата беа присутни и училишни тимови на ученици со наставници кои беа вклучени во работилниците.

14591598_10208585472446517_228218326993041738_n 14591603_10208585470086458_3735863394413204107_n

 

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *