Pro Social_FOE_2019 филмски конкурс

Во периодот помеѓу март и 15 април 2019 година,
здружението  „ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО“ 

во рамките на Проектот Pro Social Values (Просоцијално учење или учење со емпатија) 
поддржан и  финансиран од Erazmus+ KA2 програмата на Еврпска Унија, 
објави е конкурс за едукативни филмови со цел да се промовира подобрување на комуникацијата, развивање емпатија, меѓусебно помагање и инклузија во училиштето, зголемување на соработката меѓу децата и младите, како и меѓу родителите, наставниците, пошироката заедница и локалната средина.

Право на учество на конкурсот имаа едукатори и стручни соработници вработени во сите степени на образование. На конкурсот зедоа учество наставници од земјава, Р Србија и Р Црна Гора, а филмовите  прикажуваат иновативни примери на добра наставна пракса за учење насочено кон подобрување на комуникацијата, развивање  емпатија, меѓусебно помагање и инклузија во училишната образовна практика, зголемување на соработката меѓу децата и младите, како и меѓу родителите, наставниците и пошироката заедница и локална средина. 

Им честитаме на менторите кои ги исполнија критериумите за учество и дадоа свој придонес кон збогатување на збирката достапни ресурси за промоција на просоцијални вредности:

ПРЕДМЕТНА НАСТАВА

  • Наташа Џинго ООУ „Климент Охридски“ Прилеп
  • Snježana Bošković JUOŠ,,Olga Golović” Nikšić.Crna Gora
  • Весна Јовановиќ ООУ „Димче Ангелов Габерот“ – Демир Капија
  • Фросина Ацевска ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп
  • Светлана Миоковиќ Томеска ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп
  • Valentina Veljković Nikolić Osnovna škola “Desanka Maksimović”, Niš, Srbija
  • Dragana Lepović Stefanović Osnovna škola “Desanka Maksimović”, Niš, Srbija
  • Jelena Vučković, Osnovna škola “Desanka Maksimović”, Niš, Srbija
  • Виолета Јовевска ООУ ” Кузман Јосифовски-Питу”

ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА

  • Николетка Панева ПУ село Долно Ѓуѓанце, Свети Николе
  • Мирослав Митиќ ОУ „Свети Климент Охридски„ Бутел, Скопје
  • Даниела Пижевска ОУ „Свети Климент Охридски„ Бутел, Скопје
  • Ружица Кикерекова Младеновска ОУ „Свети Климент Охридски„ Бутел, Скопје
  • Анка Митрески ОУ „Свети Климент Охридски„ Бутел, Скопје
  • Виолета Петковска ОУ „Кочо Рацин“ Охрид
  • Билјана Васич ООУ „11 Октомври“ – Скопје
  • Валентина Тодорова ООУ „Димче Ангелов Габерот“, Демир Капија
  • Марија Биковска ООУ „Ѓорѓија Пулевски“  -Скопје
  • Билјана Петрушевска ООУ ,,Св. Климент Охридски,, с. Драчево, Скопје
  • Марина Спасовска ОУ „Љубен Лапе“, Скопје

Презентација на филмовите и представување на авторите и менторите ќе биде напавено на Петтата #ЕдуКонференција2019 која ќе се одржи на 10ти и 11ти мај 2019 година во Скопје.