Програма

Врз основа на член 16 и 23 од Законот за здруженија и фондации и согласно Статутот на „Здружение на граѓани ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО“ од Скопје, со скратен назив ЗГПО, основачите на здружението на седницата одржана на 22.05.2014 година ја донесоа следнава

 

П Р О Г Р А М А

за дејствување на „Здружение за развивање и дигитализација на образованието и културното наследство ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО”

Со оваа програма се утврдуваат основните насоки во севкупната активност и дејствување на членовите на „Здружение на граѓани ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО“, со скратен назив ЗГПО и со седиште во Скопје, заради остварување на целите и задачите на здружението, непосредно зададени во Статутот и другите акти на Здружението.

Програмската ориентација за дејствување на Здружението се утврдува за период од 4 години а истата ќе се операционализира во годишни програми кои ќе се донесуваат на редовните собраниски седници.

Здружението самостојно и во соработка со други организации и институции од земјава и странство го поттикнува и афирмира образованието и културата, врши дејности и активности за реализирање на повеќе активности и програми од областа на користење на дигитални медиуми во системот на основно образование и воспитание и дигитализација на културното наследство.

Во контекст на основната цел Здружението ќе се залага и за:

  • собирање на народни умотворби, игри и обичаи;
  • дигитализација на народните умотворби, игри и обичаи;
  • издавање на печатени и електронски изданија од областа на образованието и педагогијата на деца во основно образование;
  • следење на националните и меѓународните препораки и насоки за унапредување на основното образование и заштитата на културното наследство;
  • развој и унапредување на образовните, педагошките и дидактичките методи со помош на дигиталните медиуми;
  • соработка со други здруженија и фондации кои имаат иста или сродна регистрирана дејност;
  • соработка со други здруженија и фондации кои имаат иста или сродна регистрирана дејност;
  • да врши и други работи и активности кои се од заеднички интерес за системот на основно образование и заштита на културното наследство, а се утврдени со Закон или друг акт.

Оваа програма ќе се остварува преку:

  1. Дигитализација на народни умотворби, игри и обичаи од значење за децата во основно образование и заштита на културното наследство;
  2. Едукација на генералното население во за користење на дигитални медиуми во областа на основното образование и заштитата на културното наследство;
  3. Истражувачки активности на терен од областа на офф роуд спортот и рекреацијата;
  4. Организирање на разни собири и семинари за промоција и објаснуваање за начинот на користење на дигитални изданија во областа на основното образование и заштитата на културното наследство;
  5. Организирање на едукативни и рекреативни активности со цел ;
  6. Здружување на сите ентузијасти и професионалци со цел подобрување на системот на основно образование и заштитата на културното наследство;

Здружението поради остварување на своите цели и задачи преку својата работа и работата на своите работни тела се организира и делува на целата територија на Република Македонија и надвор од неа.

За постигнување на поставените цели и задачи здружението ќе соработува и со здруженија и фондации кои имаат исти или сродни програми а пред се со просветно-образовни, научни и други организации со слични приоритетни дејности.

Остварувањето на целите и задачите, односно остварувањето на богатите содржини во програмските активности и дејствувањето на Здружението ќе се спроведува преку организирање на разни собири и едукативни семинари низ и надвор од државата, посети на настани, конференции и семинари од областа на основното образование и заштита на културното наследство.

Воедно ќе се организираат разни настани преку кои ќе се презентира и популаризира користењето и создавањето на дигитални медиуми во областа на основното образование и заштитата на културното наследство.