Во периодот од јуни 2018 до јуни 2020, Проектот Pro Social Values (Просоциално учење односно Учење со ематија) ќе пристапи на предизвикот за социјална инклузија и образование со тоа што ќе им помогне на децата од 5 до 15 години да ги научат просоцијалните вештини, да развијат интерперсонални односи и на тој начин да го подобрат соживотот и да ја зајакнат својата индивидуалност. Ова ќе се постигне со тоа што ќе се создаде интернационална заедница на училишта кои ќе соработуваат при промоција на активности на национално и интернационално ниво, соодветен тренинг на наставници насочен кон нивниот професионален развој, како и креирање база од едукативни ресурси и колекција на едукативни игри кои учениците ќе ги користат за подобрување нивните социјални вештини, во процесот на учење.
Регистрацијата и пријавувањето на заинтересираните наставници, кои сакаат да земат учество во проектните активности се остварува преку:
1. Регистрација на официјалната веб страна на проектот, односно пријавување на официјалниот блог на проектот на следниот линк http://psv.europole.org/mk/ во делот Subscribe to Blog via Email, каде што треба да се регистрирате со ваша e-mail адреса, а потоа да ја потврдите најавата во пораката која автоматски ќе пристигне на Вашиот e-mail.