Rоbotics vs BullYing соработка

Како резултат на повеќегодишно успешно спроведените проектни активности на Erazmus+ KA3 програмата на Европска Унија,  во период од февруари 2021 до декември 2024 година нашето здружение ќе го имплементира проект “Robotics versus Bullying RoBy” (612872-EPP-1-2019-1-IT-EPPKA3-PI-FORWARD) во основни училишта во РС Македонија.

Проектот “RObotics versus BullYing RoBy” ќе биде насочен кон имплементација на STEM едукација – роботика, која ќе им овозможи на учениците на возраст од 6 до 12 години да ги направат своите први чекори во науката, технологијата и инженерството на забавен начин и преку социјална инклузија, со што ќе се зголемат нивните дигитални вештини, но пред се вештините за решавање проблеми, критичко размислување, експериментирање и тимска работа кои се клучни во животот на детето.

 Фокусот на проектните активности е поставен на подобрување на комуникацијата, развивање  емпатија, меѓусебно помагање и инклузија во училишната образовна практика, зголемување на соработката меѓу децата и младите, како и меѓу родителите, наставниците и пошироката заедница и локална средина.

 Крајната цел пак на проектните активности е насочена кон намалување на насилството помеѓу врсниците и интеграција на различни групи во општественото живеење засновано на позитивни општествени норми и вредности.

Сите информации и ресурси во врска со проектни активности на проектот ,,RObotics versus BullYing,,  во период од февруари 2021 до декември 2024, од имплементаторите на проектот  од Италија, Турција, Литванија, Шпанија, Бугарија, Романија, Полска, Португалија и Македонија чии што програмски цели се насочени кон развој на современите образовни трендови се достапни на:

  1. Официјалната веб страна на проектот ,,RObotics versus BullYing,, Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 612872-EPP-1-2019-1-IT-EPPKA3-PI-FORWARD е достапна на следниот линк.
  2. Блогот со актуелни настани е достапен на следниот линк.
  3. Линкови од модулите на обуката се достапни на следниот линк.

Активностите на амбасадор училиштата од Република Северна Македонија, кои се имплементатотори на активностите од проектот се достапни на нашата веб страна, во делот Актуелни>Соработки>Robotics vs Bulling на следниот линк и на нашата fb страна Friends of Education – Home | Facebook.

Имплементатори на проектот се невладини организации од Италија, Турција, Литванија, Шпанија, Бугарија, Романија, Полска, Португалија и Македонија чии што програмски цели се насочени кон развој на современите образовни трендови:

  • Polo Europeo Della Conoscenza (Италија)
    https://www.europole.org 
  • CLEMENTONI S.p.A. 
    http://www.clementoni.com
  • Friends of Education (Македонија)
    www.friends-of-education.org
  • Consejeria De Education (Шпанија)
    www.educa.jcyl.es
  • University of Burgos (UBU) (Шпанија)
    www.ubu.es
  • Uşak İl Milli Eğitim Müdürlüğü (Турција)
    http://usak.meb.gov.tr 
  • Panevezio Rajono Svietimo Centras (Литванија)
    www.prpsc.lt
  • Kino Information Technology Education (KITE) (Бугарија)
  • MAKE IT BETTER – Associacão para a Inovacão e Economia Social (Португалија)
    www.mibworld.org
  • Association ARID (Полска)
    www.arid.org.pl
  • ASOCIATIA SINAPTICA (Романија)
    www.sinaptica.ro

Национална контакт точка за имплементирање на проектот Robotics versus Bullying RoBy” (612872-EPP-1-2019-1-IT-EPPKA3-PI-FORWARD) во Република Северна Македонија е  здружението ,,ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО,, а можност за учество ќе имаат сите наставници кои ќе се регистрираат на официјалната веб страна на проектот следниот линк  https://www.roboticavsbullismo.net

Проектните активности на проектот ,,RObotics versus BullYing,, во училиштата во Република Македонија ќе се одвива во две фази. 

Почетна прва фаза на имплементација на проектот  започна во јануари 2021 година и во реализацијата на on-line обуките за наставници, беа вклучени пет амбасадор училишта од Република Македонија: ООУ,,Кирил и Методиј,,- Скопје, ,,Кирил и Методиј,,- Прилеп, ООУ ,,Живко Брајковски,, Скопје, ОУ ,,Григор Прличев,, – Охрид, ,,Св. Кирил и Методиј,,- Прилеп, ООУ,,Киро Глигоров,,- Скопје, ООУ,,Вера Јоциќ,,- Скопје, ООУ ,,Климент Охридски,, – Скопје, ООУ ,,Климент Охридски,, – Прилеп, ООУ ,,Александар Урдаревски,, – Скопје, 

Втората фаза ќе се реализира во периодот од мај 2021 година до декември 2024 година и во неа ќе имаат можност да учествуваат наставници од сите училишта во Република Македонија. Проектните активности во во оваа фаза ќе ги опфатат следните активности:

  • Спроведување вебинари за промоција на проектните активности и поддршка на наставниците кои ќе бидат вклучени во проектот 
  • Реализација на on-line обукиза наставници
  • Организирање награден конкурс – за споделување добри наставни практики 
  • Организирање на училишни иницијативи/настани
  • Меѓунардна соработка и учество на меѓународни конференции