SCIENTIX КООРГАНИЗАТОР НА ЧЕТВРТАТА ЕДУКОНФЕРЕНЦИЈА

Беше огромно задоволство и чест што Scientixбеше ко-организатор на Четвртата Едуконференција 2018, одржана 31.03 – 01.04.2018 година во хотел Дрим, Струга. Ноел Билон, претставник од проектот Scientix, даде краток вовед за важноста на Scientix и придобивките за учениците и образованието воопшто. 

Беше направена презентација на активностите на Пријателите на образованието како Национална Контакт Точка. Резултатите од работилницата со засегнатите страни во врска со образованието за СТЕМ во Македонија беа споделени со учесниците. Беа презентирани новите амбасадори на Scientix. Нагласени се успешни приказни на македонските наставници во врска со Scientix (различни натпревари на СТЕМ) со цел да се мотивира македонскиот наставник активно да учествува во вакви настани. Информациите за STEM Discovery week беа споделени.

Презентациите од експерти во областите на СТЕМ покренаа различни дискусии во врска со СТЕМ образованието на национално ниво и како да се подобри. Во паралелни сесии беа спроведени работилници за наставници кои опфаќаа различни области на STEM (математика, хемија, биологија, физика итн.). Интересот на наставниците за овие работилници беше одличен.

Наставниците на Конференцијата имаа можност да разговараат и да разменуваат идеи во врска со СТЕМ образованието на национално ниво. Беа презентирани добри практики за СТЕМ од македонски наставници (резултати од натпреварот за наставници) и започнати се дискусии за нив. Беа изведени презентации за користење на ИКТ во СТЕМ-предметите и беа организирани различни работилници за едукација за СТЕМ.

Повеќе информации на следниот линк.

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *