(Sharing One Language)

Почитувани  пријатели на образованието

Во овој пост сакаме да изразиме благодарност до нашите соработници и
пријатели,  организацијата SOL (Sharing One Language) од Западен
Девон, Велика Британија за понудената можност (www.sol.org.uk).

Со нив делиме иста визија и мисија, a тоа е понуда за квалитетно
образование за нашите ученици, но и наставници, професори и студенти и
отворен пристап до истото. За таа цел SOL нуди курсеви за ученици, но
и студенти и идни наставници  во Девон што е незаборавно културолошко
и јазично  искуство. Единствено за Македонија за само 5 пријавени
ученици еден наставник оди бесплатно.

Повеќе инфо http://www.sol.org.uk/programmes-for-students/

Курсевите за професионален развој на наставниците се единствени во
приодот и можностите што ги нудат. Во Девон има два курса и тоа од
5-16 Јули е „Автентичен јазик и култура“  (Authentic British Language
and Culture) со  Mark Andrews & Uwe Pohl и од 19 до 30 јули e Еко
прашања и настава по јазик (Green issues and language teaching) со
Mark Andrews &Fiona Mauchline

Повеќе инфо http://www.sol.org.uk/programmes-for-teachers/

Нашите наставници по англиски јазик имаат и опција да посетуваат курс
– летен капм  чија концепција е единствена и уникатна.  SOL Курсевите
се во Чадца (Словачка) и Сремски Карловци (Србија). Цената е повеќе од
достапна , само 270 евра ако се пријавите до 31 март.

http://www.sol.org.uk/seminars/

Еден наставник по англиски јазик кој беше на конференецијата ќе има
можност бесплатно да присуствува на курсот во Србија како награда која
ја доделува нашиот почесен член, пријател на образованието и SOL
ментор и тутор Ракеш Банот (Rakesh Bahnot). Наградата ќе се додели на
наставник/чка кој/а ќе биде избран/а после натпреварот за најуспешен
час.  Правилата и начинот на кој се зема учество  на натпреварот
наречен „ Калимеро“ се објаснети на следниот ЛИНК

Ви благодариме наши пријатели и се надеваме ќе ја проширите веста за
оваа можност до други заинтересирани колеги во вашето опкружување. Да
го шириме кругот на пријатели

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *