На 25 април, отпочна со функционирање STEM School Label, алатка за евалуација и развој на СТЕМ стратегиите во училиштата ширум Европа.
На овој начин STEM School Label им овозможува на училиштата да напредуваат и да ги постигнат своите цели, следејќи низа на критериуми. Врз основа на резултатите од самооценувањето, студиите на случај, како и практичните докази секое училиште може да се пријави за STEM School Label!
STEM School Label претставува колаборативна околина и место за соработка на СТЕМ едукаторите. Со регистрирање на оваа платформа, може да се разменуваат добри практики, да се побара совет, да се споделат различни проблеми и како истите се решени.
Најдобар начин за да ги откриете сите можности на STEM School Label е да ја посетите платформата: http://stemschoollabel.eun.org